Во рамки на првата фаза од реализацијата на комплексот „Гранд Скопје“ веќе се постигнати 35% зелена површина што е над законскиот минимум од 20% по градежна парцела. Ова е потврда дека при планирањето и изведувањето,„ Гранд Скопје“ ги запазува највисоките стандарди, не само за градба туку и за хумано живеење во урбаните средини.
Ова го истакна Леонид Антиќ, член на управниот одбор на „Гранд Скопје“ кој визијата за „Новото обележје на градот“ и неговото влијание врз урбанистичкиот развој го претстави пред големиот број на професионалци и експерти од сферата на недвижностите на Конференција за комерцијални недвижности што се одржа во Скопје.
„Во проектот се вклучени сериозни интернационални институции како на пример Европската банка за развој како и Националната банка на Грција којашто е наш партнер во изработката на нивната нова централа на Стопанска Банка АД – Скопје во рамки на „Гранд Скопје“. Овие институции многу сериозно ги сфаќаат целите ESG (Environmental, social and governance/екологија, социјалa и управување), многу сериозно ги сфаќаат еко-иницијативите и многу сериозно се придржуваат до нивното исполнување“, истакна Антиќ на панел-дискусијата „Урбанизам и урбанистичко планирање“.
Антиќ го презентираше урбаниот парк кој на површина од 7.500 м2 во рамки на комплексот Гранд Скопје ќе понуди бројни содржини за рекреација и релаксација, не само за луѓето што ќе живеат таму туку и за целиот град.
Паркот, додаде Антиќ е донација на „Гранд Скопје“ и одличен пример за успешна соработка помеѓу инвеститорот, Општина Центар и Град Скопје.
„Во интензивна соработка со нашите колеги од општината и од градот, мислам на урбанистите, макотрпно работевме на целиот проект за да биде оптимално усогласен со параметрите на оваа градска четврт“, рече Антиќ.
Како што појасни Антиќ, „Гранд Скопје“ е прв проект кој прави обештетување на граѓани, жителите на Ново маало, за да направи пренамена на приватно земјиште и да реализира парк.
Заштитата на животната средина и почитување на еколошките стандарди се одлика и на планирањето и реализацијата на административно-деловниот објект на Стопанска банка АД – Скопје. Овој проект е во процес на сертифицирање со престижниот LEED (Leadership in Energy and Environmental Design/Лидерство во енергетски и еколошки дизајн) сертификат кој e водечки во одржливото планирање и архитектура.
„Самиот процес за LEED сертификација е многу обемен, голем и сложен. Интересен е фактот дека кога проектот Гранд Скопје беше проектиран не бевме воопшто започнати со таа фаза и откако започнавме со градбата анализите покажуваат дека ние веќе ги исполнуваме тие стандарди“, истакна архитектот Илија Божиновски, директор на МГ Фешн на панел-дискусијата „Бизнис згради“ во рамки на Конференцијата.
Божиновски додаде дека овој начин на планирање и градба го позиционира „Гранд Скопје“ како лидер во регионот.
Конференцијата за комерцијални недвижности Скопје се одржува втора година по ред во организација на „Фортонмка“. „Гранд Скопје“ беше Prime Sponsor на овогодинешното издание на Конференцијата.