ВРАБОТУВАМЕ! 

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА

Комплексот Гранд Скопје е со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег и ќе ја надополни силуетата на градот Скопје.

Аплицирајте и добијте единствена можност да бидете дел од тимот на Гранд Скопје,
новото обележје на градот.



Обврски и одговорности:

  • Пратење на динамиката на градилиштето и надзор на извршените работи
  • Контрола на завршените работи, изведба на проектот во рамки на буџетот и поставените рокови
  • Координација помеѓу инвеститорот/нарачателот, надзорот, добавувачите и кооперантите
  • Контрола на проектно-техничка документација
  • Контролирање на градежни книги и градежни дневници
  • Изготвување на извештаи
  • Изготвување на документација за примопредавање
  • Соработка со тимот

Образование, работно искуство и вештини:

  • Универзитетска диплома од Машински факултет – Термотехника
  • Претходно работно искуство во дејноста (минимум 5 години)
  • Поседување Б Овластување за изведба
  • Познавање и примена на законска регулатива 
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери, MS Office пакет, AutoCAD, Microsoft Project
  • Силни комуникациски вештини, самоорганизираност, дисциплинираност, самоиницијатива, способност за тимска работа

Бенефиции:

  • Работа на еден од најголемите развојни проекти со мешана намена во регионот
  • Динамична работна средина исполнета со професионални предизвици
  • Работа во тим на посветени и искусни професионалци 
  • Можност за професионален развој и напредок
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Останати бенефиции како вработен во РМ

Доколку се пронаоѓате и ги исполнувате посочените услови, доставете кратка биографија на следната е-маил адреса: contact@mgf.mk, најдоцна до 25.06.2023.



Датум на објава: 14.06.2023