Сонце во текот на целата година, поглед кон планината Водно, енергетска ефикасност и зголемена вредност на вашиот имот, се едни од низата придобивки кои ги нуди домувањето на јужната страна во објектот „Гранд Ривер“, лоциран во јадрото на Скопје.

Овие станбени единици се сместени на најдобрата локација во градот на сончевата јужна страна која овозможува непречено уживање во погледите на природните убавини на нашиот главен град како и на урбаниот парк кој ќе биде дел од Комплексот „Гранд Скопје“.

Во објектот„ Гранд Ривер“ во моментов е достапна лимитирана понуда на станови кои се наоѓаат на јужната страна и гарантирано овозможуваат уживање во топлата прегратка на сонцето.

 

Двособни станбени единици

Животот на јужната страна овозможува пристап до повеќе природна светлина во текот на денот, која не само што ги осветлува вашите простории за живеење, туку и го подигнува вашиот дух.

Во моментов во објектот „Гранд Ривер“ се достапни двособни станбени единици со квадратура од 61 до 64м2, од кои 54м2 се станбена површина, а остатокот се балкон кој овозможува директен контакт со природните убавини во близина на објектот.

Станува збор за 8 станбени единици од кои дел се поблиску до источната страна, а дел кон југозападната страна и истите се достапни од 10-ти, па се до 19-ти кат.

Животот во овие станбени единици ќе ви овозможи да кажете збогум на тмурните денови и ќе ви осигура изобилство на витамин Д.

 

 

 

Трисобни станбени единици 

Доколку сакате да бидете директен сведок на изобилство на возбудливи изгрејсонца и зајдисонца трисобните станбени единици во „Гранд Ривер“ се вистинскиот избор за вас. Дел од овие станбени единици овозможуваат директен излез на балкон од сите три соби, нивната вкупна површина изнесува 80 метри квадратни, додека балконот е 16 метри квадратни и овозможува идеални услови за да креирате сопствена оаза за релаксација. Достапна е опција на трисобни станови од кои две соби излегуваат на балкон со квадратура од од 85 до 89м2, со тоа што 73м2 припаѓаат на станбената површина, а остатокот на балконот. Во моментов на располагање се уште 15 трисобни станови и тоа од 7-ми до 18-ти кат.

Четворособни станбени единици

Домовите свртени кон југ ја користат сончевата енергија и помагаат да ги намалите сметките за енергија. Тоа е особено важно кога поседувате поголем простор кој треба да се одржува. Во моментов се достапни четири станбени единици кои се наоѓаат на јужна страна во „Гранд Ривер“ и се простираат на површина од 129 до 132 метри квадратни. Две од собите во овие единци имаат пристап до балконот кој ќе може да го користите во текот на целата година, како и да уживате во природната светлина која нуди бројни придобивки за здравјето.

Животот на јужната страна ќе ви овозможи поудобно и поекономично искуство на живеење бидејќи вашиот дом ќе останува природно топол во постудените месеци, а тоа е полн погодок за вашиот паричник и за околината.

Станбените единици на јужната страна секогаш се побарани и обезбедуваат зголемена вредност на имотот, што значи дека инвестицијата во нив ќе значи и мудар финансиски избор во однос на обезбедување на вашата иднина.

Не ја пропуштајте можноста да поседувате дом на сончевата јужна страна на градот и искусете ја топлината, убавината и бескрајните придобивки на единствената локација на „Гранд Ривер“. 

Побарајте персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или контактирајте го тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.