Политка за приватност

Вовед:
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна. Правилата и условите за користрње на овој веб сајт ќе го регулираат вашето користење на веб страната на GRAND SKOPJE, достапен на https://www.grandskopje.mk/. Со посетата на овој сајт, вие сте согласни со условите на користење во целост. Доколку не сте согласни со истите, ве молиме да не го користите сајтот.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е М.Г Фешн ДОО, со седиште на ул. Никола Кљусев бр.6, кат 7, 1000 Скопје, Македонија

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Какви податоци собираме

 Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна www.grandskopje.mk Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика  за користење на колачиња

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страница серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања со работењето на GRAND SKOPJE.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

• преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;

• преку нашиот email: info@grandskopje.mk

• преку пошта,

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: info@grandskopje.com

Интелектуална сопственост:
Страницата, како и целата оригинална содржина е во сопствеништво на GRAND SKOPJE и како такви, се целосно заштитени по законите и регулативите за интелектуална сопственост. Користење, позајмување, менување, продавање или дистрибуција на содржината објавена на GRAND SKOPJE, без разлика дали е оригинална содржина или содржина објавена во соработка со друга страна или партнери, без одобрение од GRAND SKOPJE е строго забрането.

Промени на овие правила и услови:

GRAND SKOPJE го задржува правото да ги модифицира и менува правилата и условите на користење во било кое време. Вашата одлука да продолжите со користење на порталот и по настанатите промени, е ваша согласност и прифаќање на новите правила и услови за користење на GRAND SKOPJE. Затоа, ве советуваме да ги проверувате условите во овој договор за да бидете во тек доколку има промена на истите. Доколку не се согласувате со правилата и условите, ве молиме да не го користите порталот GRAND SKOPJE. Овие услови се заштитени и интерпретирани според законите во Република Северна Македонија.

Изјава за приватност при вршење на видео надзор

Известување за видео надзор