7-10

БРОЈ НА СТАНОВИ НА КАТ

2 – 6

БРОЈ НА СОБИ ВО СТАН

63м2 – 279м2

ГОЛЕМИНА НА СТАНОВИ

7

ДУПЛЕКС СТАНОВИ

GRAND VIEW

Заложбата за модерен објект кој нуди квалитетен и комфорен живот продолжува со станбено-деловната зграда GRAND VIEW. Сместена во непосредна близина на Grand River, зградата GRAND VIEW нуди прекрасни визури кон неверојатното опкружување и, со своите содржини, претставува значајно збогатување на комплексот Гранд Скопје. Локалите на приземјето се директно поврзани со отворената шопинг улица, формирајќи уникатна целина со објектот, додека деловниот простор, лоциран на првите два ката и опкружен со изобилно зеленило, нуди пријатна и релаксирана работна средина. Станбените единици, распоредени по катовите, се карактеризираат со различна површина, функционална диспозиција и ориентација. Употребата на квалитетни материјали и вградените сигурносни системи ги прават овие станови удобно и безбедно место за живеење. Со прозори од под до плафон, становите во овој објект овозможуваат целосно искористување на природната светлина, а неповторливите погледи кон реката Вардар, планината Водно и центарот на Скопје, достапни од секој агол на GRAND VIEW, ќе придонесат за мирни и спокојни моменти кои ќе го збогатат секојдневието на станарите. Посебен белег на овој објект се дуплекс становите, лоцирани на повисоките катови, распослани на две нивоа и целосно обвиткани со стаклена фасада. Со својот отворен план на просториите, големите стаклени површини и живописниот поглед, тие нудат уникатен спој на луксуз и функционалност, обезбедувајќи повеќе простор и приватност за своите корисници. Жителите на овие станови ќе можат да уживаат во чувството на ексклузивност и софистицираност во урбаниот начин на живот. Фасадната обработка на објектот е современа и динамична, со поместени тераси кои ја прават особено атрактивна и впечатлива. Катовите со дуплекс станови дополнително го разместуваат кубусот на објектот, истовремено нагласувајќи ги трите димензии на структурата. Со GRAND VIEW, комплексот Гранд Скопје добива уште еден симбол на додадена вредност, дополнително зацврстувајќи го приматот како Ново обележје на градот Скопје.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБЈЕКТОТ

ЛОКАЦИЈА