Со официјалното отворање на продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ и почетокот на продажбата на станбен и деловен простор во првиот објект „Гранд Ривер“, урбаната приказна за комплексот „Гранд Скопје“ кој ќе стане новото обележје на нашиот главен град, станува сѐ пореална.

Од самиот почеток на градбата на комплексот „Гранд Скопје“, несебична поддршка даваа и жителите на Ново Маало, на чии имоти ќе никне новиот модерен станбено-деловен објект кој се гради по највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти.

Еден од сопствениците на имот во Ново Маало и иден жител на комплексот „Гранд Скопје“ е и генерацискиот скопјанец, воедно и архитект Владимир Пота, кој комплексот го нарекува новиот “Downtown” на Скопје.

По повод почетокот на продажбата, тој посвети своја беседа, која ви ја пренесуваме во целост:

Беседа за “Downtown“ на нашето, моето Скопје

Беседата за нашето, моето Скопје ја започнувам со серија едноставни прашања: 

Дали Скопје денес има “Dоwntown“?

Дали Скопје треба да има “Downtown“?

Дали едно од најстарите маала во Скопје, Ново Маало, е недостојно место за урбано живеење?

Дали  големиот Танге во овој простор со урбанистичкиот предвидува кула како маркантен обелиск на градот? 

Дали отпорот кон еволутивниот пат на потфатот за создавање за “Downtown“ на Скопје беше поплочен со поборници за заштита на „јавниот интерес”?

Прашања многу, но одговорот кон сите е: 

Зачнат е  “Downtown“  на Скопје кој непоколебливо ќе биде создаден во 21 век во новото столетие на Скопје и поддржуван од неговите противници, исто како случувањата со Ајфеловата кула во Париз после Светската изложба.

Неодминливо е прашањето за јавноста, каков е мојот интерес да го поддржувам проектот и неговата реализација? 

Мојот одговор е едноставен. Имав личен интерес (не лукративен), располагав со сопствена дедовина во Ново Маало уште од времето на кралството СХС и очекував материјализација со создавање на “Downtown“.

Располагам со наследена архитектонска и урбанистичка позадина од мојот татко, урбанистот Љубе Пота, кој воедно е автор на центарот на Скопје 1955 год., урбанистички директен соборец на големиот Танге и Адолф Циборовски во создавање на урбанистичкиот план шеесеттите години по земјотресот. 

 “Downtown“ ќе биде архитектонски  меѓник  кој во својата комплетност ќе ги содржи сите атрибути кои му припаѓаат како современ административно, деловен, станбен центар кој ќе го дефинира  и конечно, артикулира просторот кој денес го нарекуваме паркингот пред „Холидеј Ин“ и супстандарното Ново Маало. 

Среќен сум што жителите на Ново Маало ќе добијат „право на сонце”, да заживеат во нормални урбани услови, за кои денес не се зборува, бидејќи тие се составен дел на стандардот животот на секој граѓанин на Скопје, кои жителите на Ново Маало не го живаат 59 години после земјотресот од 1963 год.

Јавниот интерес на урбаните поборници за овие жители на Ново Маало  беше занемарен.

Предлагам од пиетет кон големиот Кензо Танге нависокиот објект во “Downtown“ на Скопје да се нарече „Танге Тауер“.

Ја изразувам мојата почит кон инвеститорот МГ ФЕШН, кој со својот грандиозен потфат ќе овозможи нашето и мое Скопје да добие “Downtown“ каков што го заслужува.

За Скопје,

Архитект Владимир Пота