ПРИКАЗНА НА ТВОЈ НАЧИН

Позициониран во строгиот центар на градот, комплексот Гранд Скопје има за цел да ја трансформира локацијата во главна градска артерија со што ќе ја редефинира урбаната слика на центарот, ќе го заживее градскиот дух и ќе прерасне во ново обележје на градот.

Комплекс со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег и ќе ја надополни силуетата на градот Скопје, Гранд Скопје нуди одлична средина за софистицираните вкусови на остроумните жители и напредните компании, кои се во потрага по современ простор, со услуги на дофат и локација со модерна инфраструктура.

Започнете ја својата приказна во Гранд Скопје и уживајте во неа!

 

ЖИВОТ СО ВИЗИЈА

Резиденцијалната намена на комплексот припаѓа на два станбено-деловни објекти во кои се сместени повеќе типови на станбени единици со различна површина и распоред на простории, како и луксузни апартмани на највисоките катови.

Со впечатлива архитектура, дизајн и функционалност, станбените објекти овозможуваат максимален комфор на идните корисници како единствени места за живот, работа или дружење со најблиските. Секој стан поседува сопствена тераса со што се нуди целосно искористување на природната светлина и отворање на неповторливи визури кон реката Вардар, или кон планината Водно. Зеленилото присутно на терасите го оплеменува просторот и ја збогатува целокупната слика на комплексот.

КРЕАТИВНА РАБОТНА СРЕДИНА

Административно-деловниот објект, со својата обвивка која овозможува максимално искористување на дневната светлина, нуди функционален работен простор на вработените. Со посебен акцент на фасадното обликување, овој објект се издвојува од останатиот дел од комплексот и создава возбудлив визуелен контраст со останатите фасадни обвивки.

Пространата тераса на вториот кат која изобилува со ниско и високо зеленило, како одлично место за социјализација, дополнително ја зголемува атрактивноста на објектот.

МЕСТО ЗА НЕПОВТОРЛИВО УЖИВАЊЕ

Отворената шопинг галерија во централниот дел на комплексот, претставува продолжение на шопинг-оската на Градскиот трговски центар – ГТЦ. Нејзината отвореност овозможува транспарентност и продорност, насочувајќи го движењето на луѓето низ комплексот па се до новиот парк.

Воведувањето на новите урбани простори, влезниот плоштад и уличниот џеб, како дел од шопинг зоната, ја подобруваат интеграцијата помеѓу комплексот и градот и нудат нови јавни искуства со висок урбан квалитет. Комерцијалните содржини сместени на пониските катови во комплексот, претставуваат можност за брендирање на премиум продавници, кафе барови или ресторани, создавајќи на тој начин супериорни искуства на клиентите.

МЕСТО КАДЕ ГРАДОТ Е ТВОЈА ГРАДИНА

Со урбан парк во рамките на комплексот, Гранд Скопје ви овозможува идеален простор за мирни прошетки, пријатни средби и релаксација во зелен простор. Истовремено, непосредната близина на кејот на Вардар нуди можност за остварување на вашите потреби за спорт и рекреација, овозможувајќи ви исполнет и квалитетен живот во строгиот центар на градот.

ЛОКАЦИЈА