11
БРОЈ НА СТАНОВИ НА КАТ
2 – 4
БРОЈ НА СОБИ ВО СТАН
53м2 – 150м2
ГОЛЕМИНА НА СТАНОВИ
4
ЛУКСУЗНИ АПАРТМАНИ
GRAND RIVER
Станбено-деловниот објект Grand River е лоциран во центарот на градот Скопје, на самиот кеј на реката Вардар, во динамична и урбана средина, и во опкружување со најразлични намени и содржини. Како дел од комплексот Гранд Скопје, објектот со својата станбено-деловна содржина претставува збогатување на околината, и можност за ново доживување во самиот центар на Скопје. Проектиран е согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за енергетско ефикасни објекти кои имаат минимално влијание врз животната средина. Како и во самиот комплекс, така и во овој објект, посебно внимание е посветено на изнаоѓање инвентивни решенија за поставување и внесување на што повеќе ниско и високо зеленило во просториите за живеење. Заложбата за комуникација на објектот со природата и околината се гледа и во употребата на големи прозорски отвори, како и стаклени огради на терасите кои што ќе овозможат непречена панорама кон градот и неговото пошироко опкружување. Големите стаклени површини покрај тоа што овозможуваат убави визури, обезбедуваат и доволно светло за комфорен престој во домот. Фасадата е обработена со современи и високо квалитетни материјали кои формираат ненаметливи облини што се менуваат на секој кат на самиот објект, создавајќи на тој начин динамичност и впечаток на скулптура во просторот. Еколошките материјали, модерниот архитектонски израз како и употребата на високо квалитетни сигурносни системи му даваат единствен белег на објектот Grand River со што се овозможува висок квалитет на живеење и стандард повеќе во безбедното домување.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБЈЕКТОТ
ВПЕЧАТЛИВА АРХИТЕКТУРА
Објект со современ архитектонски израз кој со својата силуета ќе прерасне во ново обележје на градското јадро
КОНСТРУКЦИЈА
Примена на комбиниран конструктивен систем за поголема стабилност и за сеизмичка отпорност на објектот
ЕНЕРГЕТСКО-ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ
– Термо изолирана фасада
– Ниско енергетско стакло
– Заштеда на енергија и минимално влијание на животната средина
ЗЕЛЕНИЛО
Примена на инвентивни решенија за што поголема присутност на зеленило во објектот
ПАТНИЧКИ ЛИФТОВИ
Лифтови креирани за висококатници кои обезбедуваат сигурност, брзина и напредни стандарди на одржливост.
ПРОТИВПОЖАРЕН ЛИФТ
Употреба на специјализиран лифт за евакуација на луѓе во случај на пожар во објектот
СПРИНКЛЕР СИСТЕМ
Инсталација на спринклер систем во секој стан и низ целиот објект
БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ
– Контролиран пристап
– Домар и обезбедување 24/7
– Безбедносни камери и алармни системи
ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА
– Високо квалитетна звучна изолација за намалување на несаканите звуци и зголемена приватност и комфор.
ЛОКАЦИЈА
Square Macedonia
5 min
Central Park
25 min
Central Train Station
10 min
University Campus
15 min