Конференцијата за комерцијални недвижности, што втора година по ред се одржува во Скопје, беше одлична можност пред голем број на локални и меѓународни професионалци да се претстават најновите развојни трендови на комплексот Гранд Скопје.
Новото обележје на градот изобилува со обмислено урбанистичко планирање и иновативна архитектура, како и со висок степен на исполнување на светските стандарди за проектирање, градба и оперативно функционирање на објектот за што во тек е постапка за LEED сертификација.
Што во практиката значат овие карактеристики и што го прави Гранд Скопје комплетен урбан проект погледнете од видеото во продолжение.