Во време кога пазарот на недвижности е презаситен со понуди, сè повеќе купувачи не се водат само од цената, туку бараат сигурност на својата долгорочна инвестиција и беспрекорни услови за квалитетен живот. Доколку си го поставувате прашањето: „Како да препознам квалитетна градба?“, Grand Skopje го има одговорот.
Објектот Grand View e пример за врвна градба и доказ како изгледа добро осмислен, модерно изграден и квалитетен станбен комплекс. Централната локација и близината на реката Вардар, како и употребата на еко-материјали и внимателно одбрани детали создаваат простор кој изобилува со грижа за луѓето и за околината.
Секој елемент од Grand View е резултат на внимателен и добро промислен избор направен од страна на врвни проектанти, архитекти и дизајнери. Конструкцијата и изолацијата, внатрешното уредување и другите посебности на градбата нудат долготрајност и удобност што се чувствува.
Материјалите со кои е изведена градбата на Grand View гарантираат квалитет. Долготрајниот бетон, челичната арматура, звучната и термоизолација говорат за внимателното планирање, стручноста и техничката прецизност на проектот. Изведувачите на Grand View поседуваат градежни сертификати и ги исполнуваат современите стандарди, како ISO и други европските норми, што претставува знак за доверливост.
Фасадата и изолацијата кај објектот Grand View не се третирани како естетски додаток, туку како суштински дел од концептот на современо и одговорно градење. Примената на висококвалитетна термоизолација KNAUF при изведбата на фасадата, прозорци од ПВЦ или алуминиумска столарија со висок коефициент на изолација овозможуваат енергетска ефикасност и комфор во сите сезони. Употребата на паметни уреди за греење/ладење и можноста за интеграција на обновливи извори на енергија ги намалуваат трошоците и дополнително го потврдуваат одржливиот пристап во планирањето и изведбата на објектот.
Квалитетот на внатрешната обработка е меѓу највидливите обележја за секој што бара нов дом. Подовите, внатрешните врати, прозорците и санитарната опрема во Grand View се внимателно одбрани според функционалност, дизајн и издржливост. Прецизната изведба, употребата на реномирани брендови и усогласеноста на сите елементи овозможуваат естетски доследен и комфорен амбиент, што остава впечаток на целина создадена со внимание. Во рамки на внатрешната инфраструктура, интегриран е современ спринклер систем за заштита од пожар, што дополнително ја потврдува грижата за безбедноста и стандардите на живеење.
Истата логика на квалитет и безбедност е применета и при изборот на лифтовите од брендот TK Elevator, каде што AGILE системот обезбедува брз пристап до секој кат. Благодарение на интелигентното групирање на патниците и прецизното управување со движењето, времето на чекање и патување е намалено до 25%, а капацитетот зголемен за 30%. Освен што се технолошки напредни, лифтовите се и визуелно интегрирани во внатрешниот дизајн на објектот, придонесувајќи за секојдневната удобност.
Квалитетната градба не може да се разгледува одвоено од нејзината околина. Локацијата на Grand View нуди развиена инфраструктура што подразбира лесен пристап, близина на јавен превоз, зелени површини и сите неопходни содржини за практичен и удобен живот. Организираното паркирање и функционалното урбано планирање дополнително зборуваат за визијата зад проектот реализиран од М.Г Фешн ДОО – компанија со долгогодишно искуство во градежништвото.
Токму репутацијата на М.Г Фешн ДОО е она што прави разлика меѓу објект што изгледа добро на хартија и оној што останува вреден и после многу години користење. Кога се избира дом, се избира мир, стабилност и квалитет што се гледа секој ден. Посетете го продажниот салон на Grand Skopje и запознајте се со објектот што претставува новото обележје на градот.
Контактирајте нé: Тел: +389 70 355351 | + 389 70 233055 E-mail: info@grandskopje.mk
Посетете нé: Гранд Скопје – Продажен салон Градски Трговски Центар – ГТЦ, Скопје Кеј „13ти Ноември“, 1 кат, Секција 7 Понеделник – Петок: 08:00 – 18:00 часот

