Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ и Мартин Пановски, двајцата реномирани и наградувани архитекти, косопственици на архитектонското биро „Радиус архитекти“, кои воедно се и автори на „Гранд Скопје“, во кратко видео интервју откриваат од каде пред сè ја црпеле инспирацијата за станбено-деловниот комплекс кој ќе стане новото обележје на Скопје.
Во интервјуто тие зборуваат и за бројните предности на „Гранд Скопје“, за неповторливите погледи кои домувањето во овој комплекс ги нуди, за комфорот, безбедноста, високо-квалитетните материјали кои се употребуваат, но и за нивната визија за комплексот по две децении.
Погледнете го разговорот со Јана и Мартин и дознајте од „прва рака“ што сè овозможува комплексот на иднината…