Доколку сакате срцето на Скопје да го нарекувате дом, станбените единици во објектот „Гранд Ривер“ се вистинскиот избор за вас.

Модерна архитектура 



Становите кои се дел од овој модерен станбено- деловен објект кој се гради во строгиот центар на Скопје, поседуваат дизајн кој претставува дефиниција за комфор и поим за функционалност.

Објектот има современ архитектонски израз кој е инспириран од реката Вардар, а поседува висок квалитет во внатрешниот дизајн, кој може да парира на неговата уникатна надворешност.

Типови на станови 



„Гранд Ривер“ содржи три нивоа под земја, приземје и дваесет ката, каде се сместени станбени единици кои се проектирани да ги задоволат и најделикатните вкусови на идните корисници.

Во овој објект може да се најдат од двособни станбени единци, па сè до петособни станови, а истите зафаќаат површина од 51 до 298 метри квадратни

Секој стан поседува сопствена тераса што овозможува целосно искористување на природната светлина и можност за уживање во погледот на најпосакуваната локација во градот.

На највисокиот кат се сместени четири пентхауси кои имаат пространи тераси и креираат единствена можност секојдневно да уживате во неверојатните погледи на реката Вардар и планината Водно, како и во природата која постојано ќе биде присутна во вашиот дом.

Придобивки



Објектот „Гранд Ривер“ со право може да се дефинира „инвестиција во квалитет“, бидејќи се гради согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти. 

Како дел од комплексот „Гранд Скопје“ овој објект обезбедува бројни придобивки за неговите идни станари, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, но и простор за одмор и релаксација во строгиот центар на градот, кој го обезбедува софистицираниот урбан парк и ќе биде составен дел од комплексот. 

Сакаш дом во „Гранд Ривер“?

Ако сте подготвени вашиот квалитет на живот да го донесете на едно ново напредно ниво и вашата иднина ја гледате во современите станбени единици во станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“, побарајте персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или контактирајте го тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.