Поради својата местоположба, бурна историја, различните културни влијанија, знаменитости и богатиот ноќен живот, главниот српски град Белград отсекогаш бил атрактивна туристичка дестинација. 

„Градот кој никогаш не спие“, расте, се развива и ги следи последните светски трендови и во областа на архитектурата, повторно гради имиџ на модерна светска метропола. Огромен чекор во оваа насока е изградбата на станбено-деловниот комплекс „Белград на вода“
( “Belgrade Waterfront“ ). 

Изграден покрај коритото на реката Сава, „Белград на вода“ претставува монументален проект на урбана ревитализација, кој на главниот град на Србија му даде модерен светски изглед.

Комплексот вреден три милијарди долари во кој се предвидени 7000 станбени единици е изграден на локација помеѓу Белградскиот саем и Бранковиот мост, каде порано имало запуштено и неугледно подрачје.

Во комплексот се испреплетени повеќе архитектонски приказни, секоја со единствена содржина, скроена за уживање.

Една од највпечатливите приказни која е дел од „Белград на вода“ припаѓа на објектот “BW Residences“, објект кој всушност и го отвори комплексот, бидејќи токму таму се вселија првите жители на новото обележје на српската престолнина. Оваа дваесеткатница е препознатлива по својот единствен дизајн, скалест изглед и пространи тераси со стаклени огради, кои креираат можност за непречено уживање во убавините на реката Сава. До објектот покрај кејот се наоѓа популарното шеталиште наречено „Сава променада“, кое е украсено со уметнички мотиви и претставува нова атракција за жителите и посетителите, бидејќи таму се одржуваат многубројни настани кои даваат нов урбан шарм на белградското јадро.

Симбол за луксуз и уживање на целиот комплекс е 168-метарската кула, „Кула Белград“ (“St. Regis Belgrade“), која се состои од 42 катови, a становите во неа овозможуваат максимална функционалност и претставуваат оаза на мирот за оние кои денот го поминуваат во белградската џунгла. Внимателно одбраните уметнички дела, текстурите и материјалите кои се дел од кулата се инспирирани од реката Сава и духот на српската престолнина. Овој објект е слика на современото градежништво и овозможува единствено искуство во неповторливите погледи кои ги овозможува една од високите кули во регионот.

Една од најатрактивните содржини во склоп на комплексот „Белград на вода“ е и шопинг центарот „Галерија Белград“. Тој поседува уникатен дизајн и се наоѓа на единствена локација покрај реката Сава, а во него се вклучени голем број на содржини како кинo, ресторани и ексклузивни продавници кои привлекуваат голем број посетители.

Moжеме да се согласиме дека со своето постоење „Белград на вода“ воведе нова модерна нишка во српската престолнина, го трансформираше централниот дел на градот и му даде можност без застој да ги следи светски трендови. 

По принципот на одржлив развој, современиот станбено-деловен објект создаде нов, јавен простор и широка пешачка зона и ги доближи сите културни содржини во срцето на Белград, а со тоа главниот српски град го позиционираше уште повисоко на листата на локации кои вреди да се посетат.

*Фотографиите се преземени од официјалната страна на „Белград на вода“ (Belgrade Waterfront).