Во свет кој се чини дека се движи со немилосрдно темпо, лесно е да не се чувствуваме доволно поврзани со луѓето и местата околу нас. Метежот и вревата на урбаниот живот често нè оставаат со копнеж по чувство на заедница, копнеж за вид на соседство каде што секој си го знае името и нуди помош кога е потребно. За среќа, Гранд Скопје, со предвидените карактеристики и активности, како и внимателно осмислениот дизајн, повторно го разгорува пламенот на старите традиции и потсетува на важноста на заедницата во срцето на Скопје.

Потребата од заедница во модерно време 

Во ера во која доминираат дигитални екрани и виртуелни меѓучовечки односи, вредноста на средбите во живо и воспоставувањето реален однос не смее да се потцени. Гранд Скопје ја препознава важноста од создавање место/маало каде што соседите ќе се дружат, каде децата ќе си играат заедно и каде смеата и џагорот ги неутрализираат звуците на градот. Ова чувство на заедница не е луксуз, туку потреба за нашето секојдневие да биде едноставно и убаво за живеење. 

Тимот на Гранд Скопје разбира дека градењето на заедницата не е само обезбедување на убави домови за станарите; туку и поттик да се создаде  средина каде што луѓето природно се поврзуваат. За да се постигне ова, предвидено е комплексот да биде домаќин на различни настани во заедницата преку целата година.
Урбаниот парк предвиден во рамките на Гранд Скопје нема да е само зелен простор, туку ќе биде секојдневно собиралиште за сите членови на заедницата. Редовните собири во паркот, од board games на трева до филмски вечери на отворено, ќе создаваат можности за соседите да се поврзат преку заедничките искуства и да станат добри пријатели.

Гранд Скопје верува во вредноста на придонесот кон заедницата. Станарите на комплексот ќе бидат активно охрабрувани да учествуваат во волонтерските иницијативи и да придонесуваат за локални каузи. Заедницата напредува и станува посилна преку дела на љубезност и великодушност.

Децата во Гранд Скопје ќе растат со убавината на природата преблиску до нивниот праг. Тие ќе создадат пријателства што ќе траат цел живот и така ќе научат да ја ценат вредноста на заедницата уште од мали нозе. Во свет кој секој понекогаш се чувствува збунето и изгубено, Гранд Скопје создава НОВО МААЛО во кое спомените од детството се исполнети со смеа, авантури и радост од истражување на надворешниот свет.

Ако твојот нов дом е еден од становите во Гранд Скопје, честитки! Тоа значи дека ќе добиеш шанса одново да ја почувствуваш топлината на заедницата и едноставното задоволство кога го поздравуваш соседот додека одиш накај работа.