Главниот и најголем град во Англија и Обединетото Кралство, Лондон, каде е сконцентрирана најголемата и најразвиена економија во Европа, центарот на уметноста, модата, забавата, едукацијата, здравството, медиумите и науката, доби нова супер креативна област инспирирана од иднината.

Се работи за областа “The Greenwich Peninsula“ која од трите страни е заобиколена со реката Темза. Во еден од седумте соседства на оваа единствена локација е позициониран ултра модерниот станбено-деловен комплекс “Upper Riverside Greenwich Peninsula“.

Инвентивниот дух, позитивната енергија и визијата за иднина, се трите нешта кои го карактеризираат комплексот “Upper Riverside Greenwich Peninsula“ кој му вдахна нов модерен дух на генерално традиционалниот Лондон.

Комплексот по токот на реката Темза нуди неверојатни и неповторливи погледи на живописната британска престолнина. Преку ова здание Лондон доби место со ултра модерен дизајн, шопинг галерија и прекрасен парк кое нуди можност за креативност и релаксација во срцето на градот. 

Посебен печат на целиот комплекс му дава „висечката градина“, односно пешачка патека наречена „Плимата“ (“The Tide”) која го поврзува целиот комплекс, и на Лондон му дава нов концепт на урбано живеење.

Комплексот е составен од пет блескави стаклени кули кои се огледуваат во реката, а пак неговиот дизајн креиран од светски познатите архитекти “SOM“, ниже елегантни финеси кои се претопуваат токму во Темза, создавајќи нов печат на хоризонтот на Лондон.

Највисоката зграда од петте висококатници се наоѓа на североисточниот агол и овозможува драматични погледи на речното корито на Темза. Семејството на пет кули дели архитектонска врска, инспирирана од близината на водата, но внатрешниот дизајн на сите згради е посебен и единствен. Највисоката, петта зграда инспирацијата за дизајнот ја носи директно од реката Темза и нејзиниот брег, а тоа може да се забележи во нејзината боја, форма и текстура.

Сите пет кули имаат тераси на покривите кои се насочени кон реката. Таму се изградени градини со растенија, трски и дрва, а се сместени и кафетерии кои овозможуваат дополнително уживање за заедницата. Всушност целото соседство кое е поврзано со „Плимата“, како и посетителите, имаат можност да уживаат на уникатната пешачка патека на која постои можност и за џогирање, возење велосипед и медитација. Дополнително, во склоп на самиот комплекс кој е микс на софистицираниот и функционалност, постојат и места за јога, фитнес центар, кино, како и простор за работа од  „дома“.

Во близина на комплексот “Upper Riverside“ односно на две минути пеш, се наоѓа и „London’s Design District“ кој од страна на “Time Magazine“ e прогласен за еден од најубавите места на светот и од своето отворање во 2021 година е место кое привлекува многу посетители од светот.

Сè ова несомнено звучи примамливо, меѓутоа според официјалниот сајт за продажба на недвижнини во Лондон NewHome, за да ги уживате сите погодности кој овој комплекс ги нуди, за еднособен стан треба да одвоите неверојатни 550.000 фунти, додека пак за трисобен стан цените достигнуваат и близу милион фунти.

Сепак ќе признаеме, “The Greenwitch Peninsula“ е место кое дефинитивно мора да го посетите доколку допатувате во Лондон. За тоа говори и фактот и дека токму во овој комплекс се наоѓа и една од десетте најголеми атракции на Лондон за 2022 година, според официјалниот водич за туристи на Лондон. Се работи заEmirates Air Line cable car“, жичница над реката Темза која обезбедува неповторливо доживување и поглед на прекрасната британска престолнина.

*Фотографиите се преземени од https://upperriverside.co.uk и https://1newhomes.com