Проектот Гранд Скопје е повеќе од адреса на живеење. Овој комплекс со мешана намена освен што нуди ексклузивен пристап кон поинаков животен стил, воедно станува и новото обележје на градот. Скопје е град со огромен потенцијал за развој па оттаму се јавува потребата од модернизирање на централното подрачје низ кое поминуваат сите граѓани без оглед од која населба доаѓаат. Со реализација на овој проект, придобивките за краток период ќе ги почувствуваат сите жители на Скопје. Погледнете ја изјавата на Леонид Антиќ за комплексот во рамки на првата Конференција за недвижности во Скопје.