„Не чекајте да купите недвижност, купете недвижност, па потоа чекајте“- оваа култна реченица е сублимат на добро познатата и докажана девиза, дека недвижностите на долг рок се најдобар тип на инвестиција. 

Сето тоа се должи на потенцијалот за зголемување на нивната вредност и можноста за генерирање на приход од нивно издавање. 

Без разлика дали ќе се решите да инвестирате во станбен или деловен простор, вложувањето во недвижности ви отвора можност за финансиски раст и стабилност.

Дека недвижностите се најсигурна инвестиција и во Северна Македонија покажуваат анализите на компаниите чија експертиза e фокусирана токму на нив.

„Инвестицијата во комерцијален недвижен имот е сѐ уште една од најсигурните во земјата. Секако при носење одлука за инвестирање секогаш е важно професионално да се пристапи и тоа најпрво со изработка на бизнис план, пресметка на поврат на инвестицијата, добро познавање на понудата и побарувачката за специфичниот вид на недвижен имот. Во недостаток на развиен финансиски пазар, слободните финансиски средства сѐ уште е најисплатливо да се вложуваат во недвижен имот и тоа заради повеќе фактори: побрз поврат на инвестицијата, како и традиционалното сфаќање на населението дека инвестиција во имот е сѐ уште најбезбедно инвестирање.“- вели Олга Дервенџи -Менаџер за бизнис развој –Фортонмка.

Последните податоци говорат дека во изминатите три години просечната цена за метар квадратен станбен простор во Скопје е зголемена за 20 проценти, а цените на становите варираат во зависност од локацијата и квалитетот на градба. Најценети се становите во центарот на градот кои се наоѓаат на атрактивна локација, каде и наемот на простор за домување достигнува највисока цена.

„Пазарот сѐ уште созрева со цел да се  добие јасна сегментација на становите и тоа луксузни живеалишта и достапни станови. Становите во центарот на градот изградени според највисоки стандарди и со соодветна инфраструктура и опкружување треба да бидат најмалку два пати со повисоки цени по метар квадратен од тие во периферијата на градот.“- вели Олга Дервенџи -Менаџер за бизнис развој –Фортонмка.

Доколку се направи компарација, очигледно е дека орочените пари во банките со моменталните каматни стапки не може долгорочно гледано да ја зголемат својата вредност како капиталот преточен во недвижност.

Што се однесува на прашањето кое е приоритет за сите потенцијални инвеститори, каква ќе биде цената на недвижностите во блиска иднина, експертите велат дека не очекуваат промени и дека има избалансирана понуда и побарувачка, а со тоа се очекува цените да бидат стабилни.

Според менаџерот за бизнис развој Олга Дервенџи, пазарот на недвижности во земјава допрва треба да се развива, таа вели дека дека иако на прв поглед изгледа дека многу се гради, во споредба со соседните држави развојот на комерцијален недвижен имот од различни видови е на ниско ниво и допрва треба да бидеме сведоци како никнуваат уште многу успешни проекти.

Во насока на развој на македонскиот пазар на недвижности за прв пат во земјава на 10 мај се одржа првата Конференција за недвижности во Скопје, на која златен спонзор беше „Гранд Скопје“.

Посетителите на конференцијата имаа можност да добијат детални информации за станбено- деловниот комплекс „Гранд Скопје“ кој е позициониран во срцето на градот, и има потенцијал да ја трансформира урбаната слика на центарот, прераснувајќи во ново обележје на Скопје.

Конференцијата овозможи на едно место да се сретнат и да разменат искуства локални и меѓународни професионалци, кои разговараа за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности, со што се отвори можност за многубројни соработки и инвестиции.