Како околината во која живеете влијае на вашето расположение?

Секогаш кога сакаме да се чувствуваме подобро посетуваме места кои нè прават позитивни и среќни. Времето поминато на локации кои нè исполнуваат директно го подобрува нашето расположение. 

Токму затоа кога ја избираме локацијата на нашиот иден дом треба да внимаваме на опкружувањето. Околината во која живееме игра значајна улога во обликувањето на нашето секојдневие и расположение.

Во продолжение ви презентираме факти кои укажуваат на тоа зошто животот во комплекс со мешана намена во срцето на градот, во близина на река, урбан парк и патеки за рекреација го подобрува квалитетот на живот.

 

Спокој креиран од природата

Една од најважните придобивки од живеењето во близина на река во центарот на градот е моменталниот пристап до спокој кој може да го креира само природата. Смирувачкиот звук на водата која тече, погледот на неа и присуството на зеленило покрај бреговите на реката создаваат смирувачка атмосфера што може да помогне да се намали стресот и анксиозноста. 

Гледањето низ прозорецот или лежерната прошетка по кејот на реката може да ви го подигне духот и да поттикне чувство на задоволство. Блискоста до природата во урбана средина иницира и поздрав начин на живот, бидејќи поголема е веројатноста да се вклучите во некоја активност на отворено како џогирање, возење велосипед или ролери.

Дополнително истражувањата покажуваат дека допирот на природата, дури и во урбани средини, може да поттикне релаксација, но и да го зголеми целокупното расположение.

 

Подобрен квалитет на воздухот

Животот во центарот на градот често подразбира изложеност на високо ниво на загадување и метеж. Сепак, живеењето во близина на река може да ублажи некои од овие негативни ефекти. Присуството на водно тело и зеленило има тенденција да го подобри квалитетот на воздухот со тоа што делува како природен филтер, помага да се отстранат загадувачите обезбедувајќи посвежа, почиста околина. Дишењето почист воздух има директно влијание врз вашето физичко здравје и може позитивно да влијае на вашето расположение и когнитивна функција.

 

Богати културни и социјални можности

Центарот на градот воедно е и центар на на културата, забавата и социјалните активности. Живеењето во срцето на градот значи и брз и лесен пристап до театри, музеи, ресторани и безброј можности за социјализација. Можноста да бидете дел од голем број културни и социјални настани има потенцијал да го унапреди вашето секојдневие. Комбинацијата на урбани и природни елементи едноставно создава средина погодна за среќа и благосостојба. 

Доколку сега е моментот да изберете нов дом, земете ги во предвид сите овие погодности кои ги нуди комплексот „Гранд Скопје“.  Достапна е можноста да побарате персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактирате тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.