Купувањето имот е значајна инвестиција и голема пресвртница во животот. Тоа може да биде навистина возбудливо и супериорно искуство. Меѓутоа, ако не сте внимателни можно е да направите грешки кои на крај скапо би ве чинеле, бидејќи сепак се работи за животна одлука. Во овој текст ќе се осврнеме на најчестите грешки кои би можеле да ги направите во овој процес и начините како да ги избегнете. 

Не истражувате доволно

Една од најголемите грешки кои се прават при купување имот е недоволно истражување пред да се впуштите во овој процес. Од суштинско значење да ја истражите локацијата, инвеститорот, придобивките од животот или работата во тој имот, начините на плаќање и сè друго поврзано со купувањето. Исто така, важно е лично да ја посетите локацијата за да ја видите одблиску околината во која би живееле/работеле. Истражувањето на областа и придобивките од истата ќе ви даде подобра претстава за тоа дали вреди да се инвестира во тој имот. 

Ги игнорирате скриените трошоци

 

Друга грешка која се прави при купувањето имот е игнорирањето на скриените трошоци. Вистинската цена на имотот може да биде поголема од онаа која ја гледате на рекламата и навистина е важно да се земат предвид дополнителните трошоци како што се даноците при купопродажба и трошоците за одржување. Доколку не успеете точно да ги пресметате овие дополнителни трошоци или ги игнорирате, тоа може да ви предизвика финансиски стрес во иднина. 

Премалку информации за инвеститорот

 

Пред да го купите вашиот имот, важно е да имате што повеќе информации за инвеститорот. Оваа проверка треба да ги вклучува минатите проекти, финансиската стабилност и искуството при доставување проекти навреме. Исто така, треба да проверите дали инвеститорот ги има добиено сите потребни дозволи за градба од општината и надлежните институции. Потценувањето на потребата од овие информации околу инвеститорот може да доведе до одложување, правни спорови и дури и губење на инвестицијата во имотот. 

Се фокусирате најмногу на цената 

Иако цената на имотот е важен фактор при купување на истиот, не треба да биде единствениот параметар на кој сте фокусирани. Доколку тоа се случи и акцентот го ставате само на цената можно е да ги занемарите останатите важни фактори како што се локацијата, удобностите, квалитетот на градбата и потенцијалот за препродажна вредност. Од исклучително значење е да постигнете рамнотежа меѓу цената и вредноста на парите. 

Купувањето имот бара внимателно и темелно истражување и разгледување. Со избегнување на овие најчести грешки при купувањето на имот можете да бидете сигурни дека вашата инвестиција е соодветна и неизбрзана. Побарајте инвеститор кој нуди транспарентен процес на купопродажба од почеток до крај. Не смеете да ги изоставите есенцијалните елементи на подготовка пред да тргнете во потрагата по совршениот имот. Впрочем, најдобро е да побарате персонализирана понуда креирана исклучиво според вашите потреби со што би направиле мудра инвестиција која ќе ви донесе радост и удобен живот во годините кои доаѓаат. 

Доколку сакате да живеете или работите на најдобрата локација во Скопје во новото обележје на градот, ние сме тука за вас!