На чекор сме од она специјално време од годината кога кажуваме збогум на 365 дена од старата и отвораме ново поглавје, со нови предизвици во новата година. Крајот на годината, целата таа новогодишна еуфорија и честитки проткаени со позитивни желби нѐ тераат да сфатиме дека оставаме уште една година зад нас и да се запрашаме дали сме ги реализирале нашите цели. 

Откако ќе направиме мала „рекапитулација“ на годината во нашата глава отвораме едно ново важно прашање, а тоа е кои се нашите цели во годината која нè очекува. 

Нова година, нови искри и предизвици

Новата година со себе носи посебна магија на нови надежи, искри и предизвици. Токму овој период е одличен да направите план кои ќе бидат вашите приоритети за новата 2023 година. Ова е одлично време да размислите што е тоа што вашиот живот ќе го направи посреќен, поисполнет и суштински. Одвојте време да разговарате со вашите најблиски кои се нивните приоритети за следната година и заедно креирајте план за вашите идни активности што ќе го збогатат вашето живеење. Различната доба од животот носи различни приоритети, фокусирајте се на оние што ја исполнуваат вашата душа и срце и го прават животот вреден и квалитетен.

 

Нова година со нови насмевки

Вашата насмевка нека биде вашиот приоритет во новата година. Сето она што вас ве радува нека биде на врвот на вашата новогодишна листа за активности. Но, кои и да се вашите приоритети не смеете да заборавите една докажана формула за среќа, а тоа е дека едноставните работи се тие што живеењето го прават побогато. Обидете се да го живеете моментот и да бидете присутни во сегашноста, да ја доживеете и доловите секоја детска насмевка, секој искрен добар збор, да ја впиете секоја мудрост на повозрасните и искусните, да се радувате на секој пријатен мал гест. Инвестирајте во себе и сопствената среќа, бидејќи така вие ќе се чувствувате исполнети и ќе бидете во можност да придонесете за среќата на вашите сакани и блиски луѓе.

Нов дом за нови почетоци

Убавината на животот е во тоа што имаме можност на избор, можеме да бираме како ќе го живееме, каде ќе го живееме и со кого ќе го живееме. Доколку вашите планови за новата година вклучуваат избор на нов дом, почетокот на новата година е идеален за носење  една ваква значајна одлука. 

Изборот на нов дом значи нов почеток, нова енергија и нова основа за креирање на вашата иднина. 

Доколку годината ја започнете со избор на нов дом, пред себе ќе креирате отворен пат за големи промени кои долго сте ги посакувале. 

Оваа 2022 година ја одбележа и почетокот на продажбата на станбен и деловен простор во комплексот „Гранд Скопје“, со што се отвори одлична можност за сите оние кои се во потрага по нов дом, во јадрото на Скопје, дом со современ дизајн и висококвалитетна градба. Доколку изборот на ново живеалиште е приоритет на вашата новогодишна листа,  искористете ја можноста за домување на најатрактивната локација во македонскиот главен град и добијте персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или контактирајте го тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.