Прва инвестиција во сопствен дом? Сигурно се соочувате со безброј дилеми и грижи околу тоа дали ќе го направите вистинскиот избор. Тоа е сосема нормално кога се впуштате во “авантура” за која немате претходно искуство. “Авантурата” наречена потрага по домот од соништата е секако составен дел од животот на секој од нас, па така донесувањето конечна одлука зависи од голем број параметри кои треба да се поклопат и со вашиот секојдневен живот и енергијата која ја внесувате во него. Ние имаме неколку совети на што треба да обрнете повеќе внимание за оваа потрага да заврши успешно.

Земете ја предвид локацијата

Еден од најважните параметри кои домот треба да ги исполнува е локација соодветна на вашите потреби во секојдневното функционирање и како истата би го подобрила квалитетот на вашиот живот. На пример, комплексот Гранд Скопје е практично епицентарот на главниот град при што голем дел од времето кое би го трошеле на патување од едно место до друго ако живеете подалеку од центарот, ќе ви остане да го испланирате за останатите дневни активности. Земете ја предвид и близината на образовните институции, трговските центри, јавен транспорт и зелени површини.

Проверете ја ориентацијата на домот

Ориентацијата на домот може значително да влијае на енергетската ефикасност, како и на количината на природна сончева светлина која продира низ просториите каде секојдневно би функционирале. На пример, домовите кои се со јужна ориентација се опсипани со сончеви зраци во текот на целиот ден, со што вашиот дом ќе остане топол и светол.  Во овој параметар влегува и погледот кој го добивате со изборот на ориентацијата, така што од вас зависи со каква глетка ќе се будите секое утро.

Резервирајте паркинг место

Во време на бесконечен сообраќаен метеж, благодет е да имате каде да го оставите превозното средство и да не го мислите додека ги завршувате своите дневни обврски. Исто така, многу често предизвикува проблем недостатокот на безбеден паркинг за електрични тротинети и велосипеди, за што нема потреба да се грижите доколку се одлучите за дом во новото обележје на градот. Во комплексот Гранд Скопје подземниот паркинг ќе биде наменет за сите типови на превозни средства.

Прашајте за квалитетот на градба на објектот

Најновите трендови за заштита на животната средина укажуваат на користење енергетско-ефикасни градежни материјали кои би ја намалиле потрошувачката на енергија во домаќинството и со тоа индиректно би влијаеле на намалување на загадувањето на планетата Земја. Овие материјали мора да ја вклучуваат и изолацијата која доколку е квалитетно поставена и внимателно избрана може да понуди спокој и мир во домот дури и да се одлучите да живеете во строг центар на градот каде бучавата е секојдневие.

Активности за рекреација

Освен дневните обврски кои едноставно мора да ги завршите, кога го купувате својот прв дом мора да внимавате и на достапните зелени површини во близина за рекреација по напорниот ден. Без разлика дали имате семејство, односно мало дете и миленик, или само што почнувате самостоен живот неопходен ви е простор каде ќе одмарате кога и да ви е тоа потребно. На пример, паркот во склоп на урбаниот зелен комплекс Гранд Скопје ќе биде со големина колку и плоштадот Македонија со што ќе ви овозможи опуштено да испиете кафе со пријателите на клупа, да уживате на прошетка со миленикот, или едноставно да ги искористите сите придобивки кои ги нуди паркот.

 

Купувањето нов дом, односно свој прв дом е огромна инвестиција и навистина е важно да го истражите пазарот на недвижнини за да знаете како да се насочите во потрагата, но доколку параметрите спомнати погоре го опишуваат вашиот дом од соништата, во склоп на комплексот Гранд Скопје се гради објектот Ривер во кој има одлична понуда на станови за кои можете да добиете персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактирате тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.

Изберете мудро!