ВРАБОТУВАМЕ!
КООРДИНАТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Комплексот Гранд Скопје е со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег и ќе ја надополни силуетата на градот Скопје.
Аплицирајте и добијте единствена можност да бидете дел од тимот на Гранд Скопје, новото обележје на градот.
бврски и одговорности:
- Извршување на работните активности од доменот на безбедност и здравје при работа, внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата и секојдневна обиколка на градилиштето
- Пратење, измена или дополна на планот за превентивни мерки за безбедност и здравје при работа
- Координирање на активностите на сите работодавци и други лица кои вршат работи на градилиштето, во однос на спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа со цел да се спречи појава на повреди на работа и професионални заболувања
- Преземање мерки за обезбедување пристап до градилиштето
- Го известувате претставникот на инвеститорот за случаите кога работодавачите и другите лица не применуваат мерки за безбедна и здрава работа
- Предлагате да се прекине работата доколку се загрозени безбедноста и здравјето на вработените или други лица на градилиштето, за што го известувате претставникот на инвеститорот
- Контрола и водење на дневна евиденција за посетата на локацијата
- Извршување активности во врска со менаџирањето на хигиената на градилиштето
- Организирање на систематски прегледи и обуки за безбедност и заштита при работа на вработените
- Набавка на заштитна опрема на вработените
- Изготвување на извештаи
- Соработка со тимот
Образование, работно искуство и вештини:
- Универзитетска диплома
- Претходно работно искуство во дејноста (минимум 5 години)
- Овластување за стручно лице за безбедност при работа
- Познавање и примена на стандардите за безбедност и за здравје при работа
- Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето
- Поседувате силни комуникациски вештини и а добри меѓучовечки способности
- Средно познавање на англиски јазик
- Основно познавање на работа со компјутери, MS Office пакет
- Самоорганизираност, дисциплинираност, способност за тимска работа
- Возачка дозвола Б категорија
Бенефиции:
- Работа на еден од најголемите развојни проекти со мешана намена во регионот
- Динамична работна средина исполнета со професионални предизвици
- Работа во тим на посветени и искусни професионалци
- Можност за професионален развој и напредок
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Останати бенефиции како вработен во РМ
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија
на следната е-маил адреса: contact@mgf.mk, најдоцна до 20.12.2022.
Датум на објава: 06.12.2022