ВРАБОТУВАМЕ!
РАКОВОДИТЕЛ НА ОБЈЕКТ
Комплексот Гранд Скопје е со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег и ќе ја надополни силуетата на градот Скопје.
Аплицирајте и добијте единствена можност да бидете дел од тимот на Гранд Скопје, новото обележје на градот.
Обврски и одговорности:
- Oрганизација и координирање на фази на градба
- Пратење на динамиката на градилиштето и надзор на извршените работи
- Контрола на завршените работи, изведба на проектот во рамки на буџетот и поставените рокови
- Координација помеѓу инвеститорот/нарачателот, надзорот добавувачите и кооперантите
- Контрола на проектно-техничка документација
- Контролирање на градежни книги и градежни дневници
- Изготвување на извештаи
- Изготвување на документација за примопредавање
- Соработка со тимот
Образование, работно искуство и вештини:
- Универзитетска диплома од Архитектонски факултет или Градежен факултет – Високоградба
- Претходно работно искуство во дејноста (минимум 5 години)
- Поседување Б Овластување за изведба
- Познавање и примена на законска регулатива
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутери, MS Office пакет, AutoCAD, Microsoft Project
- Силни комуникациски вештини, самоорганизираност, дисциплинираност, самоиницијатива, способност за тимска работа
Бенефиции:
- Работа на еден од најголемите развојни проекти со мешана намена во регионот
- Динамична работна средина исполнета со професионални предизвици
- Работа во тим на посветени и искусни професионалци
- Можност за професионален развој и напредок
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Останати бенефиции како вработен во РМ
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија
на следната е-маил адреса: contact@mgf.mk, најдоцна до 18.04.2023.
Датум на објава: 07.04.2023