Станбените единици во рамки на современиот станбено – деловен објект „Гранд Ривер“ кој никнува во строгиот центар на Скопје, сега се достапни преку кредити за недвижности во градба кои содржат одлични услови, креирани во согласност со македонските стандарди.

Со тоа изградбата на финансиска конструкција за набавка на нов дом на најдобрата локација во Скопје станува многу полесна и подостапна. 

Преку станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“- МГ Фешн, вашиот дом од соништата е на чекор од вас.

Стопанска банка АД Скопје

Преку овој кредит добивате одлична можност вашата иднина да ја градите на најпосакуваната локација во градот. Станбениот кредит на Стопанска Банка АД Скопје нуди бројни придобивки меѓу кои стопроцентно ослободување од административни трошоци, како и трошоци за процена и нотар. Тој исто така овозможува и ослободување од провизија за предвремена отплата со сопствени средства.

Комерцијална банка

Станбениот кредит од Комерцијална банка овозможува желбата за сопствен простор и лична слобода да биде лесно остварлива. Тој нуди бројни поволности како ослободување од надомест за одобрување и администрирање на кредитот, максимален рок за отплата до 40 години, како и фиксни каматни стапки за првите 5 години на отплата на кредитот.

НЛБ Банка

Одлични услови за стекнување на дом во „Гранд Ривер“ нуди и станбениот кредит на НЛБ Банка кој овозможува поволности како ослободување од трошоци за процена, ослободување од провизија за предвремена отплата со сопствени средства и максимален износ до 150 000 евра.

Доколку имате прашања поврзани со станбените кредити наменети за станбените единици во „Гранд Ривер“ детален одговор може да добиете во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“, секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да го контактирате тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.